Турчинот Чахланоглу пред потпис со Ал Духаил од Катар

Хакан Чалханоглу нема да го продолжи договорот со Милан и кариерата ќе ја продолжи во Катар, пренесуваат италијанските медиуми.

Овој 27-годишнен играч за врска на кого договорот со Милан му истекува на крајот од сезоната добил понуда од екипата на Ал Духаил, а богатите Арапи му понудиле огромна сума.

Понудата која пристигнала до Чалхноглу изнесувала 32 милиони евра за три години, а играчот наводно ја прифатил. Милан веќе почна да бара негова замена, а прва желба е ѕвездата на Удинезе, Родриго де Пол.