„Тутоспорт“ го круниса Роберт Левандовски

Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер за 2021 година од италијанското издание на „Тутоспорт“.

33-годишникот фудбалер ја освојува наградата втора година по ред. Левандовски на крајот од минатата сезона ја освои „Златната копачка“, со што стана најдобар стрелец во европските национални првенства (41 гол на 29 натпревари во Бундеслигата). Втор во гласањето беше играчот од средниот ред на Челзи и Италија, Жоржињо, додека напаѓачот на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси беше трет . Во гласањето учествуваа поранешни фудбалери, меѓу кои Павел Недвед, Андриј Шевченко, Лотар Матеус, Христо Стоичков, Самуел Ето, Алесандро Костакурта, Руи Коста и други.

Исто така „Тутоспорт“ ги одреди победниците во другите номинации. За најдобар менаџер на годината е прогласена директорката на Челзи Марина Грановскаја, најдобар претседател на клубот Оливие Летанг од Лил, најдобар агент Италијанецот Федерико Пасторело, а наградата за голема кариера ја доби Карл-Хајнц Румениге.