Тухел: Вернер е фантастичен, секогаш сака да даде повеќе

Фудбалерите на Челзи успеаа да поминат триумфално на теренот на Манчестер Сити откако направија комплетен пресврт и победија со 2- 1. Победничкиот гол го постигна Алонсо по асистенција на Тимо Вернер кој во последно време добива серија на критики поради слабите партии. Сепак, во негова одбрана застана тренерот, Томас Тухел. „Сите го критикуваа Тимо, но, неделава одлично се покажа во одредени ситуации. Начинот на кој работи на теренот е фантастичен. Тој секогаш сака да даде повеќе со неговите спринтови“, потенцираше Тухел.