Тухел верува дека Зијеч и Ковачиќ ќе играат во финалето на Карабао Купот

Томас Тухел , одговори на прашање за состојбата на играчите од средниот ред Матео Ковачиќ и Хаким Зијеч, кои се повредија на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лил (2-0).

„Во моментов не знам колку е сериозно. Требаше да го заменам Ковачиќ порано, можеби на полувремето, што ќе ни спасеше една измена. Не сум го видел моментот со повредата на Хаким и се уште не сум разговарал со лекарите за неговата состојба. Се соочуваме со слични ситуации во текот на целата сезона, правејќи замени поради повреди наместо тактички. Сепак, има уште време до финалето на Лига купот и се надевам дека ќе имаат време да се опорават и ќе имаат можност да играат на уште еден голем натпревар“, изјави Тухел.

Финалето на англискиот Лига куп помеѓу Челзи и Ливерпул ќе се одигра на 27 февруари.