Тухел веќе руши рекорди во Премиер лигата
Екипата на Челзи синоќа го победи Евертон со 2-0 во меч од 27. коло од Англиското фудбалско првенство со што германскиот тренер, Томас Тухел, успеа да влезе во историјата на Премиер лигата. Тој е првиот што воведните пет домашни натпревари ги завршил без примен гол. Одличната серија на „сините“ под диригентската палка на Тухел започна против Вулверхемптон на 27 јануари кога беше 0-0. Потоа лондончани победија со 2-0 против Барнли и Њукасл и ремизираа без голови со Манчестер Јунајтед.
