Тухел во Лукаку гледа иден капитен на Челзи

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, изјави дека напаѓачот Ромелу Лукаку во иднина може да стане капитен на тимот.

„Лукаку е спортист од највисоко ниво, сака тренинзи, секогаш има насмевка на лицето, сака да победи на секој турнир. Тоа е добро. Тој дава пример за другите. Дали може да стане капетан? Да, мислам дека може да биде. Но, сега не е време за размислување, имаме прекрасен капетан. Главната работа е дека Ромелу се однесува како капитен, и ова е поважно отколку само да имаш капитенска лента.“ изјави Тухел за Скај спортс.

Лукаку се приклучи на Челзи во август 2021 година од Интер. Оваа сезона, 28-годишниот Белгиец одигра пет натпревари за клубот и постигна четири гола.

Моментален капитен на Челзи е дефанзивецот Цезар Аспиликуета.