Тухел го носи Кејн во Баерн?

Новиот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, наводно ги известил челниците на клубот дека напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, треба да биде топ приоритет како засилување во следниот преоден рок.

Според медиумските информации, Тухел бил голем фан на Кејн од периодот кога Германецот беше тренер на премиерлигашот Челзи.

Најдобриот напаѓач на англиската репрезентација, е во последната година од својот договор со Тотенхем, но и покрај тоа клубот од Лондон за негово евентуално напуштање на клубот летово ќе бара околу 100 милиони фунти.

Некои новинарски објави напоменуваат дека постои шанса Кејн да го продолжи својот договор со Тотенхем доколку клубот за нов тренер го ангажира германскиот стручњак Јулијан Нагелсман кој неодамна беше отпуштен од Баерн.