Тухел заинтересиран за селекторското место во Англија
Британскиот весник Телеграф пренесува дека германскиот тренер Томас Тухел бил заинтересиран за водење на англиската фудбалска репрезентација.
Тухел пред еден месец заработи отказ во премиерлигашот Челзи каде освои вкупно три трофеи меѓу кои и оној во Лигата на шампиони.
Актуелниот селектор на Англија Гарет Саутгејт има договор за водење на репрезентацијата до јуни 2024.година, но неговата позиција со сигурност ќе зависи од пласманот на „гордиот албион“ на СП во Катар, каде Англија е во група со САД, Иран и Велс.