Тухел и покрај кризата има доверба од управата на Баерн
Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Томас Тухел, најави дека ќе остане на кормилото на Баварците без разлика дали ќе ја освои титулата во Бундес-лигата икао шансите за тоа се речиси еднакви на нула.
Неговиот тим во текот на викендот загуби дома од РБ Лајпциг додека Борусија Дортмунд славеше на теренот на Аугсбург и го презеде челното место на табелата со два бода предност. Во последното коло „милионерите“ ќе играат дома со Мајнц додека четата на Тухел ќе гостува кај Келн.
„Не бегам од одговорност. Раководството ми даде до знаење дека ќе продолжиме да работиме заедно“, искоментира Тухел.