Тухел: Канте е нашиот Салах, Де Брујне, Ван Дајк…

Менаџерот на Челsи, Томас Тухел, изјави дека третото место во Премиер лигата е „чудо“, со оглед на тоа што најголемиот дел од сезоната играа без Н’Голо Канте. Французинот синоќа го забележа само 20-от натпревар во кампањата во нерешениот резултат 1-1 против Лестер – резултат кој практично и го гарантира третото место на тимот пред последниот натпревар против испаднатиот Ватфорд во недела.

„Мислам дека тој е нашиот клучен, клучен, клучен играч. Таквите играчи мора да бидат на теренот, а одигра само 40 проценти од натпреварите, па можеби е чудо што завршивме третопласирани. Тој е нашиот Мохамед Салах, тој е нашиот Вирџил ван Дајк, тој е нашиот Кевин Де Бруин, тој е нашиот Нејмар, тој е нашиот Килијан Мбапе“, додаде менаџерот.