Тухел не ги крие амбициите да води премиерлигаш
Германскиот фудбалски тренер, Томас Тухел, сака да се пресели во Премиер-лигата и да биде нов менаџер на Челзи доколку Франк Лампард заработи отказ поради серијата на лоши резултати. „Сините“ нанижаа неколку порази а медиумите на Островот шпекулираат дека челниците од „Стемфорд Бриџ“ ќе немаат друг избор и ќе мораат да се разделат со Лампард иако засега му даваат поддршка. Според германскиот весник, „Билд“, Тухел откако си заминa од ПСЖ сака брзо да се врати на работа и внимателно ја следи ситуацијата во Челзи.