Тухел не ги повика Фоден и Грилиш за дуелите со Велс и Летонија

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги изостави Фил Фоден и Џек Грилиш од проширениот список со повикани фудбалери за претстојниот пријателски натпревар против Велс и дуелот против Летонија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Фоден постигна два гола и имаше две асистенции од почетокот на новата сезона за Манчестер Сити, додека Грилиш беше прогласен за играч на месецот во Премиер лигата по силниот настап против Евертон.

Џуд Белингем, исто така, е надвор од составот, откако неодамна се врати во составот на Реал Мадрид по долгата повреда.

Од друга страна, во англискиот состав се враќа крилниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака.

Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Џејмс Трафорд;

Одбрана: Ден Бирн, Марк Геј, Рис Џејмс, Езри Конса, Мајлс Луис-Скели, Џарел Кванза, Џед Спенс, Џон Стоунс;

Среден ред: Елиот Андерсон, Морган Гибс-Вајт, Џордан Хендерсон, Рубен Лофтус-Чик, Деклан Рајс, Морган Роџерс;

Напад: Џарод Бовен, Еберечи Езе, Ентони Гордон, Хари Кејн, Маркус Рашфорд, Букајо Сака и Оли Воткинс.