Тухел одби да го продаде Матијс де Лихт
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше за состојбата на централниот бек Матијс де Лихт, кој се повреди за време на тренинг кампот на Баерн Минхен во јануари, а исто така ги сподели своите размислувања за иднината на 24-годишниот играч во клубот.
„Тој го напушти тренинг кампот повреден. Матијас беше повреден неколку пати претходно. Во истиот момент проблеми имаа Упамекано и Ким Мин Џеј. Но, секако дека сметаме на него, Де Лихт е наш играч и тој е еден од најдобрите играчи во тимот, како и прекрасна личност.Матијас е подготвен да игра без никакви ограничувања, тој вчера имаше целосен тренинг. Нема причина за грижа. Тој ќе може да игра утре од самиот почеток“, изјави Тухел.
Да потсетиме, Баерн утре, 21 јануари, ќе игра против Вердер Бремен во натпреварот од 18. коло во Бундес лигата. Натпреварот ќе започне во 15:30 часот. Претходно во медиумите се појави информација дека тимот од Минхен е подготвен да се раздели со Де Лихт, бидејќи тој имал напнати односи со Тухел.