ТФТ Скопје го освои турнирот „Андреј Грковски Тафта“

Кошаркарите на ТФТ го освоија трофејот на меморијалниот турнир „Андреј Грковски Тафта“, откако вчеравечер финалето го победија МЗТ Скопје со 74-73.
До победата против македонскиот шампион, организаторот на турнирот дојде со пресврт во последната четвртина која ја започна со шест поени негатива.
Дејвис Џуниор со 31 поен беше најефикасен во победничкиот тим, кај МЗТ се истакна МекКејден со 16 поени.
Во натпреварот за 3. место, Кожув го победи Тиквеш со 87-86.