Уапсен млад холандски ас, член на Јувентус

Јувентус ризикуваше летото 2021 година, но сепак решија во својот тим да го доведат Мохамед Ихатарен. За детето на ПСВ беа издвоени околу 2 милиони евра, иако во моментот на трансферот младиот Холанѓанец беше проценет на над 10 милиони евра. Во времето кога пристигна во Торино, за неговата кариера се грижеше Мино Раиола, а ниту сега починатиот Раиола не успеа да го смири младиот фудбалер.

Брзо беше испратен во Сампдорија на позајмица, каде што не забележа минутажа – дури и сам реши да ја напушти Џенова и да се врати во Торино. „Бјанконерите“ потоа во јануари годинава го испратија во Ајакс, но и таму не забележа значително подобра минутажа, проблемите само се зголемуваа.

Вчера младиот Мохамед бил уапсен во својот дом во Утрехт, холандските медиуми немаат целосни информации, но се шпекулира дека фудбалерот е приведен поради закани. Проблематичниот фудбалер на крајот од годината треба да се врати во Јувентус каде што сигурно не сметаат на него.