Убедлива победа на Работнички во градското дерби во Аеродром

Работнички со одличен трет период го победи актуелниот првак и тоа на негов терен.

Во големото кошаркарско дерби, Работнички триумфираше на гостински терен кај МЗТ со 74-60, и така ја продолжи кризата која владее кај актуелниот кошаркаски првак.

Клучна беше третата четвртина која ја добија гостите со убедливи 6-21, и така дојдоа до овој триумф.

По првиот дел „металците“ ја имаа предноста од 38-35, откако во првата четвртина Работнички цело време имаше предност. Меѓутоа во третиот период Работнички по една серија стигна до +7, потоа и до +10, за пред четвртиот период да има и 12 поени разлика.

Во последниот период МЗТ се доближи на -5 (59-64), меѓутоа следуваше низа на поени на дебармаалци од 10-0, што беа клучни за овој голем триумф.

Виктор Ефремовски беше творец на победата со 17 поени, додека кај МЗТ најефикасен беше Адам Мекиќ со 14.