Убедлив пораз на одбојкарите во Атина

Одбојкарската репрезентација на Македонија не успеа да дојде до посакуваниот резултат на гостувањето кај Грција во Атина, загуби во три сета и сега не е се во рацете на нашите одбојкари во обидот да се дојде до место на Европското првенство.

Натпреварот во Атина заврши со резултат 3-0 (18-25, 15-25, 25-27) за репрезентацијата на Грција. Нашите репрезентативци беа најблизу да го освојат тој посакуван сет во третиот сет, кога имаа водство во повеќе наврати, на почетокот водеа со 10-5 и 11-6, но Грција се врати и направи пресврт и во финишот влегоа со предност.

Сепак и Македонија имаше сет топка кој не ја искористи, за на крај домашните одбојкари да го добијат третиот сет со 27-25 и да дојдат до победа од 3-0. Сега на одбојкарите ќе им биде потребна чиста победа од 3-0 над Грузија во последното коло, а и да се поклопат сите резултати од другите групи, за да се игра на ново Европско првенство.

Кај Македонија најдобри поентери беа Никола Ѓорѓиев со 13 и Љафтов и Маџунков со по шест поени.