Убедлив пораз на У19 селекцијата од Бугарија

Македонската репрезентација до 19 години убедливо со 4-0 загуби од соодветната селекција на Бугарија на пријателскиот натпревар во
турска Анталија. Без шестмина стандардни фудбалери (Лука Станковски, Методи Максимов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Кристијан Тасевски и Берат Калкан), кои поради клупски обврски не се вклучени на подготовките, македонската репрезентација не можеше сериозно да им се спротивстави на врсниците од Бугарија. Дополнителен хендикеп за селекторот Арслани беше и отсуството на Луан Абази кој заработи повреда на вчерашниот тренинг. Во 34. минута, Трифонов го отвори резултатот, а во второто полувреме истиот фудбалер зголеми на 2-0 по еден од игра. Двоен стрелец за Бугарија беше и Сираков.
Македонија до 19: Стефан Митрев, Филип Костовски, Славе Маркоски, Мартин Величковиќ Радуловиќ, Виктор Крстевски, Иван Николов, Зуфер Шајини, Бехар Фета, Октај Ракипи, Арда Окан, Фатон Адеми; Замени: Новаков, Николов, Ѓуровски, Фетаи, Терзиев, Рамани, Игњатов, Трајаноски, Арифи, Абази, Џемаили, Петејчук, Муше