Убедлив старт на Баерн и Јунајтед, историска прва победа на Комо

Откако минатата сезона екипата на Комо ги остави гигантите Милан и Јувентус без ЛШ, оваа во историскиот деби настап во елитното клупско натпреварување со 4-1 го совлада Лајпциг.
Фаворитите Баерн Минхен и Манчестер јунајтед рутински дојдоа до бодовите против Бодо, односно Сабах Баку.
Баерн кој славеше со 5-0 над Бодо, головите ги постигна во второто полувреме. Резултатот го отвори Мусијала во 47-та минута, погодуваа уште и Хари Кејн, Алфонсо Дејвис и Михаел Олисе кој даде два гола.
Манчестер јунајтед со 4-0 славеше над Сабах Баку, а неизвесноста ја разреши уште во првото полувреме. Куња, Бруно Фернандез и Шешко се запишаа во листата на стрелци, а точка на мечот стави Мартинез во 68-та минута.
Ленс со два гола во финишот успеа да направи пресврт и да слави со 2-3 на гостувањето во Прага кај Славија.