Удар на егото на Мурињо, не беше прв пик на Рома?!

Италијанскиот фудбал повторно ќе има „атракција“ во видот на Жозе Мурињо. Трофејниот Португалец се враќа во Италија после пауза од 11 години. Ја напушти „Чизмата“ како победник, во 2010. година ја освои историската „триплетаа“, а се враќа по очајната сезона во Тотенхем. „Специјалниот“ ќе ја води Рома, но италијанските медиуми пишуваат дека португалскиот стручњак не беше првиот избор на „волчицата“. Сопственикот на Рома пред Мурињо го контактирал Марсело Гаљардо, тренерот на Ривер Плата. Сепак, Аргентинецот ја одбил понудата од една причина. Неговиот договор со Ривер истекува на крајот од годината, а до тогаш не сака да размислува за промена. Гаљардо е доста барано име во светот на фудбалот, своевремено се споменуваше и како еден од кандидатите за преземање на Барселона, но и на Реал Мадрид.