Удинезе го откупи договорот на Шпанецот Деулофеу
Жерар Деулофеу, потпиша договор со Удинезе, соопшти прес- службата на италијанскиот клуб. Договорот важи до 30 јуни 2024 година. Претходно, напаѓачот играше за тимот на позајмица. Деулофеу потекнува од школата на Барселона, во која се приклучи во 2003 година. Од каталонскиот клуб замина на позајмица во Евертон и Севиља, а во2015 година се врати во тимот од Ливерпул, но со постојан договор. Откако мина дел од сезоната 2016/2017 на позајмица во Милан, се врати во Барселона, но шест месеци подоцна замина во Вотфорд на позајмица. Летото 2018 година, англискиот клуб ги откупи правата на играчот. Оваа сезона, на 12 натпревари за Удинезе во сите натпреварувања, напаѓачот постигна еден гол и една асистенција.