Удинезе го разреши тренерот на екипата Лука Готи
Екипата на Удинезе соопшти дека го разреши од должноста досегашниот тренер на екипата, Лука Готи.
Одлуката за отказот паднала после поразот на домашен терен од Емполи со 1:3, со што Удинезе остана на само една победа во последните 13 кола од Серија А.
„Упатуваме искрена благодарност до нашиот досегашен тренер кој ја водеше екипата во претходниот период. Клубот му посакува се најдобро на Готи во неговата професионална кариера“, стои во соопштението на Удинезе.
54-годишниот Лука Готи беше тренер на Удинезе од 2019 година.