УЕФА ги одреди судиите, Орсато ќе го води дуелот ПСЖ – Реал
Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална веб-страница ги објави судиите кои се определени да судат на натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите, кои ќе се одиграат во среда, на 16 февруари.
За натпреварот помеѓу Интер и Ливерпул е одреден судиски тим од Полска. Главен судија е Шимон Марчињак. Натпреварот РБ Салцбург – Баерн ќе го суди англиски судиски тим предводен од Мајкл Оливер.
Претходно беше јасно кои судии ќе бидат на центарот на натпреварите кои се ираат утре, вторник 15.февруари. Во Лисабон на мечот Спортинг – Манчестер ќе суди Срѓан Јовановиќ од Србија, додека мечот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид му припадна на Даниеле Орсато од Италија. Сите средби се играат во терминот од 21:00 часот.