УЕФА го исклучи Дамир Врбановиќ по скандалот во Хрватска
Хрватски фудбалски работник, Дамир Варбановиќ, кој е осуден на затворска казна бидејќи бил дел од корупциска шема при трансферот на Лука Модриќ, е отстранет од комитетот надлежен за организирање на Евро 2020, објави денеска УЕФА.
Варбановиќ кој е поранешен шеф на хрватскиот клуб Динамо (Загреб), во 2019 година беше назначен во комитетот како одговорен за националните турнири.
Во исто време, УЕФА го отстрани од комитетот и првиот човек на српскиот фудбал, Славиша Кокеза, кој неодамна беше осомничен дека е поврзан со разни навивачки групи кои се вклучени во организиран криминал.