УЕФА го стопира процесот за проширување на Европското првенство
УЕФА се откажува од идејата за европско првенство со 32 тима наместо досегашните 24. Ваквата опција се појави во последниве месеци, каде се зборуваше дека постои шанса на ЕП 2028 да се зголеми бројот на учесници. Сепак, последните информации тврдат дека оваа идеја ќе биде укината, тврди „Тајмс“.
Последен пат бројот на учесници на ЕП беше зголемен во 2016 година, кога од 16 се искачија на 24 селекции. Сега имаше шанса уште повеќе да се зголемат на 32 репрезентации. Сепак, излегува дека ТВ станиците во Европа се спротивставиле на оваа идеја и тоа е причината поради која таа беше откажана.
Доколку се прифати новата идеја, тоа ќе значи дека повеќе од половина од 55-те квалификации ќе се пласираат на завршницата на ЕП. Во оваа ситуација, сепак, турнирот сигурно ќе го загуби квалиетот и ќе има премногу тимови кои ќе бидат неконкурентни.