УЕФА го укинува финансискиот фер-плеј
Угледниот Њујорк Тајмс пишува дека УЕФА за многу брзо ќе го укине правилото за финасиски фер-плеј. За овој потег веќе се разговара подолго време, а посебно после кризата која беше предизвикана од пандемијата со ковид.
Идејата на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин финансискиот фер-плеј да биде заменет со ограничување на платите се покажа како неодржлив поради Европскиот закон за труд кој не дозволува таква мерка.
Сегашниот план е да се создаде нова уредба за финансиска одржливост, со која на клубовите ќе им биде овозможено на трансфери да трошат до 70 подто од своите приходи.
Новиот пропис најмногу ќе ги израдува англиските клубови кои се во најдобра финансиска позиција и трошат најмногу пари на трансфер пазарот.
Според планот УЕФА на клубовите ќе им даде тригодишен период за прилогодување на новите правила, и за тоа време ќе можат да трошат 90 посто од сопствените приходи.