УЕФА изрече парична казна за Реал Мадрид по мечот со Бенфика

Дисциплинската комисија на УЕФА изрече казни за екипата на Реал Мадрид поради расистичкото однесување на навивачите за време на дуелот со Барселона од Лигата на шампионите.

Казните се парични и делумно затворање на стадионот Сантијаго Бернабеу, но таа за затворање на трибината е условена само доколку таков случај се повтори.

Паричната казна изнесува 15.000 евра, а треба да биде затворен долен дел од јужната трибина околу 500 седишта. Затворањето нема да се однесува за претстојниот дуел од осминафиналето против Манчестер Сити. Овој дел од казната ќе биде активиран само ако слично однесува (расистичко навредување) се повтори не некој натпревар во организација на УЕФА.