УЕФА им се закани на супер-клубовите со казни ако формираат Суперлига
Иако сè уште нема официјално соопштение во врска со намерата на дел од најдобрите клубови во Европа (12 во моментов) да формираат Супер лига, УЕФА веќе подготвува контра удар. Според „Газета дело Спорт“, европската фудбалска централа, заедно со некои од федерациите на Стариот континент, подготвуваат мега- тужба против клубовите кои имаат намера да учествуваат во Суперлигата, што може да достигне финансиско побарување од повеќе од 50 милијарди евра. Покрај тоа, сите оние кои имаат намера да учествуваат во новото натпреварување ќе бидат исклучени од натпреварите на УЕФА, а можно е да бидат исклучени и од локалните шампионати. Според различни извори, во моментов се одржува кризен состанок на Главниот штаб, кој мора да донесе итни одлуки. Според други информации, Суперлигата треба официјално да биде објавена вечерват. Со новата лига се очекува да претседава Флорентино Перез, а заедно со него треба да се појават Џон Анри, Андреа Ањели и уште неколку други сопственици на екипите кои треба да бидат дел од Суперлигата.