УЕФА и судиите не ја признаваат грешката при пеналот над Стерлинг

Пол Ван Бокел, судијата кој беше главен во ВАР собата, кога Дани Макели досуди пенал за Англија против Данска, им ја објаснил целата ситуација на холандските медиуми.

Мекели, во 104.минута, покажа на белата точка, откако Рахим Стерлинг падна пред голот на Данска. За многумина пеналот е контроверзен, стручњаците сметаат дека Макели не требало да досуди најстрога казна.

Кејн, го изведе пеналот, Шмјхел го одбрани неговиот удар, но одбиената топка се врати кај англискиот напаѓач, кој потоа ја проследи во голот.

„Се прашувам што ќе се случеше доколку интервенирам. Ги прифаќам критиките, но не оние кои се упатени само кон мене. Грешката на Макели не беше очигледна, не можев ништо да направам. Од еден агол на камерата, видов дека имаше контакт. Мислам дека пеналот е престрого досуден, но во таква ситуација морам да ја поддржам одлуката на судијата. Таков е ВАР протоколот“, рекол Ван Бокел.

Англија не успеа да го освои трофејот на ЕП, откако на „Вембли“, во финалето изгуби од Италија.