УЕФА и Јуве пред договор: „Старата дама“ нема да игра во Европа

Јувентус оваа сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.

Со тоа Јувентус избори пласман во Конферециската лига, но УЕФА отвори истрага за целиот случај и на „бјанконерите“ му се закануваше суспензија од европските натпреварувања.

Од Торино побараа сега да бидат казнети за да ја одработат казната следната сезона и да не играат во Конференциската лига.

УЕФА се согласи на таква казна, па следната сезона во Конференциската лига ќе игра Фиорентина на местото на Јувентус. Тоа значи дека „старата дама“ ќе може да игра во Европа во сезоната 2024/25 доколку избори пласман.