УЕФА му даде за право на судиите и ВАР-собата за „случајот Алварез“

Поништениот гол од пенал на Хулијан Алварез во дербито на Атлетико и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите крена огромна прашина.
Одлуката на судијата Шимон Марчињак беше непопуларна, ама правилна и тоа го потврди сега УЕФА. Европската фудбалска куќа образложи дека Полјакот ги следел фудбалските правила.
„Атлетико ѝ се обрати на УЕФА за инцидентот кој доведе до поништување на голот по пеналот на Хулијан Алварез. Иако контактот беше минимален, топката ја удри и со стојната нога пред да шутне, а тоа се гледа и во видеото. Според сегашното правило, ВАР мораше да му сигнализира на судијата да го поништи голот.
УЕФА ќе влезе во дискусии со ФИФА и ИФАБ за да одлучи дали правилото треба да биде сменето ако допирот е видно ненамерен“, соопшти УЕФА.
Сепак, исто така од УЕФА најавија дека можеби тоа правило ќе се менува во иднина.