УЕФА на „зелена маса“ ќе го решава исходот на дуелот Тотенхем – Рен

Натпреварот меѓу Тотенхем и Рен во Конференциската лига, кој оваа недела беше откажан поради бројни случаи на коронавирус во редовите на англискиот тим, воопшто нема да се одигра, соопшти УЕФА.

Од УЕФА објаснија дека се обиделе да најдат нов датум за дуелот во Лондон за комплетирање на групната фаза, но таков нема.

„За жал, без разлика на трудот, не успеавме да најдеме решение кое би им одговарало на двата клуба. Следствено, натпреварот нема да се одигра и случајот ќе биде префрлен на комисијата за етика и дисциплинска комисија која ќе донесе одлука согласно прописите на натпреварувањето“, велат од УЕФА.