УЕФА отвори истрага за нападот на голманот Дмитровиќ

Европската фудбалска федерација – УЕФА отвори истрага откако еден навивач на ПСВ во Ајндховен истрча на теренот и го удри голманот на Севиља Марко Дмитровиќ за време на натпреварот во Лига Европа.

Инцидентот се случи за време на второто полувреме кога хулиган втрча на теренот во Ајндховен и го нападна голманот Дмитровиќ, кој успеа да се одбрани и го совлада напаѓачот. Потоа редарите го отстранија хулиганот надвор од стадионот.

Српскиот голман после натпреварот изјави дека никогаш не е убаво да се видат такви сцени и ги повика надлежните да го казнат навивачот.