УЕФА отвори постапка против Мората и Родри

УЕФА потврди дека отворила дисциплинска постапка против капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Алваро Мората и неговиот соиграч Родриго.
Двајцата скандирале „Гибралтар е Шпанија“ за време на прославата на Европското првенство во Мадрид.
УЕФА веднаш отвори дисциплинска постапка и попладнево извести дека против двајцата фудбалери се покренати обвиненија по четири точки.
Се шпекулира дека Алваро Мората и Родри можат да добијат по два натпревари суспензија, слична казна како оние на Мерих Демирал од Турција, и Мирлинд Даку, кој ги навредуваше Македонците и Србите.