УЕФА парично ги казни ПСЖ и Милан
ПСЖ ќе треба да уплати во касата на УЕФА 98.000 евра поради инцидентите на мечот со Милан во Лигата на шампионите одигран на 25 октомври на „Паркот на принцовите“.
Од нив, 75.000 евра за чадни бомби, 18.000 евра за блокирање патеки на трибините и 5.000 евра поради влегувањето на навивачи на теренот. Згора на тоа стадионот на парискиот клуб ќе биде делумно затворен за европските натпреварувања.
Казна од 23.000 евра е одредена и за тимот од Италија откако неговите фанови користеа чадни бомби а беа инволвирани и во инцидентите пред мечот.