УЕФА планира финале на Лига на шампионите во САД?

Шпанскиот спортски весник АС пренесува дека УЕФА ја разгледува можноста едно од наредните финалиња од Лигата на шампионите да биде одиграно во Соединетите Американски Држави.

Весникот потсетува дека Светското првенство во 2026.година ќе се одржува во САД, Канада и Мексико, а УЕФА сака да го прошири фудбалскиот пазар со цел да ги намали несогласувањата со големите клубови.

Здружението на европските клубови смета дека проширувањето на фудбалскиот пазар ќе допринесе во порастот на приходите од продажба, спонзори и ТВ права. 

„АС“ наведува дека УЕФА добила понуда од САД за одигрување на финале од Лигата на шампионите на нејзина територија. Претседателот на УЕФА, Чеферин, сеуште се нема изјаснето околу овај предлог, а најверојатно за оваа тема ќе се расправа на генералното собрание на УЕФА во Истанбул.