УЕФА постигна договор за ТВ права вреден 15 милијарди евра

Европската фудбалска федерација(УЕФА) ги продаде телевизиските права за натпреварите на своите клупски натпреварувања од 2024 до 2027 година за рекордни 15 милијарди евра.

Од УЕФА веќе подолго време работат на тоа да обезбедат поголеми финансиски средства со кои би ги зголемиле приходите на фудбалските клубови кои поради незадоволство од досега добиените средства пробаа да основаат Европска Суперлига.

Вкупниот приход од новиот договор ќе биде повисок за 40 % од актуелниот договор кој УЕФА го има со телевизиските куќи.

„Мило ни е што постои толку голем интерес. Воодушевени сме што новиот договор ќе овозможи поголема распределба на парите на клубовите од Европа со што ќе биде обезбедена подобра финансиска стабилност“, истакна претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.