УЕФА потврди дека финалето на ЛШ ќе остане во Истанбул
Лондонски „Дејли Мејл“ неодамна објави дека финалето во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) би можело да се премести во Лисабон во случај на немири во Истанбул за време на претстојните турски претседателски избори.
Меѓутоа, УЕФА веднаш излезе со соопштение и потврди дека финалето на Лигата на шампиони оваа година ќе се игра на 10 јуни во Истанбул, како што беше предвидено.
„Натпреварот ќе се одигра во Истанбул на 10 јуни, како што е и планирано. УЕФА воопшто не води разговори во поинаков правец со ниту едни политички институции, влади или национални фудбалски федерации“, соопшти УЕФА.
Во вторник и среда се играат реванш полуфиналните дуели и ќе бидат познати двајцата патници во финалето.