УЕФА потврди: Јуве, Реал и Барса ќе играат во следната ЛШ
УЕФА официјално го извести Јувентус дека учеството на тимот во следното издание на Лигата на шампионите е загарантирано, објави агенцијата АНСА.
На „Бјанконерите“ им се закануваше исфрлање од Лигата на Шампионите затоа што одбија да се повлечат од Суперлигата. Првично, УЕФА се закани со строги санкции за Јувентус и другите два клуба – Барселона и Реал Мадрид, кои исто така се категорични дека нема да ја напуштат идеjата за формирање на Суперлига.
УЕФА дури отвори дисциплинска постапка против бунтовниците, но потоа „замрзна“ сè откако швајцарскиот суд го предупреди Нион дека нема надлежност да казнува во овој случај.