Уефа со извинување до Ливерпул и фановите на клубот
Европската фудбалска федерација- УЕФА, му се извини на Ливерпул и на навивачите на клубот за неоснованите обвиненија кои беа упатени до „црвените“ за безредијата пред почетокот на финалето во Лигата на шампиони, против Реал Мадрид, а кое се одигра во Париз.
Стартот на финалниот натпревар во Париз, повеќе од половина час беше одложен поради фактот што голем број на фанови на Ливерпул не успеаја да влезат на стадионот , што доведе до ескалација на проблемите помеѓу организаторот и навивачите.
Претходно, француските власти и Уефа за овај настан ги обвинија фановите на Ливерпул за кои потенцираа сакале да влезат на натпреварот со фалсификувани влезници.
„Од името на УЕФА сакаме да упатиме искрено извинување до сите навивачи на Ливерпул кои доживеаја проблеми пред почетокот и после завршувањето на финалната средба. Обиненијата упатени кон нив беа неосновани и без докази“, порача генералниот секретат на УЕФА.
Извинувањето од УЕФА доаѓа после извештајот од независната комисија која долг период го истражуваше случајот и која не најде никаква кривица кај навивачите на Ливерпул.