УЕФА ја запре истрагата за траката на Нојер
УЕФА ја запре истрагата против Германскиот фудбалски сојуз, потврди самата куќа на германскиот фудбал.
За потсетување, германските медиуми дознаа дека УЕФА започна истрага против фудбалскиот сојуз на Германија поради потегот на Мануел Нојер, кој на натпреварот против Португалија носеше капитенска трака во боите на виножитото. о оглед на тоа што УЕФА забранува емитување на политички пораки, започната беше постапка како би се утврдило дали Нојер го прекршил правилото.
„Траката е симбол на разноликоста и претставува повисока цел.“ – стои, помеѓу останатото, во решението кое УЕФА го достави до Германскиот фудбалски сојуз.
УЕФА исто така започна постапка и против Унгарија, откако нејзините навивачи свиркаа кон францускиот напаѓач, Килијан Мбапе.