УЕФА ќе го имплементира ВАР-системот и во квалификациите на евро-куповите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе почне почесто да го користи ВАР системот на натпреварите во европските натпреварувања почнувајќи од следните две сезони (2023/2024 и 2024/2025).

Технологијата за прв пат ќе се користи во квалификациите за Лига Европа (од третото квалификациско коло) и Конференциската лига (од плеј-оф рундата на квалификациите).

Процентуално, бројот на натпревари од Лигата на Европа опфатени со системот ќе се зголеми за 26% (36 натпревари), а на Конференциската лига за 311% (140 натпревари), со оглед дека ВАР сега ќе работи и во групната фаза на турнирот. Исто така, ВАР за прв пат ќе се користи во сите квалификациски кола од Лигата на шампионите, а вкупниот број на натпревари со оваа технологија ќе се зголеми за 63 натпревари во однос на сезоната 2022/23, кога ВАР не беше обезбеден до третото квалификациско коло.