УЕФА ќе тестира полуавтоматски офсајд на Суперкупот во Хелсинки
УЕФА потврди дека технологијата за полуавтоматски офсајд ќе се користи на мечот Реал Мадрид – Ајнтрахт од Суперкупот кој ќе биде одигран во Хелсинки на 10 август.
Системот ќе се користи и во новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите. Новата технологија е тестирана речиси две години.
„УЕФА постојано бара нови технолошки решенија за да ја подобри играта и да ја помогне работата на судиите. Иновативниот систем овозможува на судиите во „ВАР“ собата брзо и прецизно да ги одредуваатситуациите“, вели шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети.