Узбекистан го промовираше Канаваро за селектор

Фабио Канаваро е нов селектор на репрезентацијата на Узбекистан.
Како што веќе беше најавувано, италијанската легенда се договори со Фудбалската федерација на оваа земја и ја презеде клупата.
Светскиот шампион од 2006 година и еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот ќе ја предводи узбекистанската репрезентација во подготовките и на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Тој на функцијата доаѓа како прв селектор по заминувањето од клупата на поранешниот македонски предводник Среќко Катанец.