Украден па вратен вредниот часовник на Данил Медведев

Данил Медведев го одигра финалето на завршниот Мастерс турнир во Торино, но не успеа да го совлада Германецот Александар Зверев. Сепак, неговиот престој во северна Италија бил речиси дополнително уништен од кражба.

За време на дуелот со Зверев, од соблекувалната на Медведев му е украден часовник вреден дури 200 илјади евра. Меѓутоа, непријатностите набрзо биле отстранети и скапоцениот часовник „Бове Отанасеи“ бил лоциран и по неколку часа вратен на Московјанинот.

Полицијата го пронашла часовникот на раката на еден од службениците на АТП додека се обидувал да се качи во авион.

Полицијата соопшти дека се уште го истражува целиот случај бидејќи лицето кај кое е пронајден часовникот кажа дека го добил од друго лице.