Украинското фудбалско првенство ќе се доигра во Италија

Италија е подготвена да биде домаќин на остатокот од сезоната на Украинското фудбалско првенство.
Ова го соопшти првиот човек на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина.
„ФИГЦ е подготвен да биде домаќин на натпревари од украинскиот шампионат, бидејќи сакаме да им помогнеме. Работиме и на други иницијативи“, рече Гравина во интервју за Кориере дела Сера.
Првенството на Украина беше прекинато на 24 февруари.