Умтити во расправија со фановите на Барселона (Видео)

Самуел Умтити кој важеше за стандарден играч во одбраната на Барселона, после повредата на коленото веќе подолго време е надвор од екипата и под знак прашалник беше доведена неговата играчка кариера.

Французинот беше посочен како еден од виновниците за објавениот договор на Лионел Меси, по што Аргентинецот беше принуден да го напушти клубот и да премини во ПСЖ. Навивачите на Барса очигледно сеуште имаат замерки кон Умтити за овој потег и направија мал конфликт со него на неговиот пат кон тренинг центарот на екипата. Неколку навивачи го сопреа автомобилот на Умтити по што започна мала расправија помеѓу нив.

Самуел Умтити оваа сезона нема одиграно ниту една минута во дресот на Барса, а неговиот договор со клубот истекува во 2023 година.

https://twitter.com/infosfcb/status/1466065098175180802?s=20