Умтити заврши со Барса, се наоѓа пред потпис со Рен
Самуел Умтити конечно ќе се раздели со Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Рен, пренесуваат каталонските медиуми
Клубот веќе две години се обидува да го продаде Французинот, кој пак категорично ги одбиваше сите понудите. Умтити се согласи да ја намали својата плата во јануари, кога потпиша нов договор со Барса.
Сепак, за целата сезона тој забележа само еден натпревар во Ла Лига, а сега е спремен да ја промени средината.
На „Камп Ноу“ се подготвени да го пуштат Умтити без обештетување само да се ослободат од неговата плата, бидејќи има договор до 2026 година. Според последните информации Французинот ќе ја продолжи кариерата во Рен.