Уникатен рекорд на Стеван Јоветиќ во врвните европски лиги

Стеван Јоветиќ постигна гол за Херта Берлин во куп натпреварот против Мунстер.

Искусниот фудбалер мрежата ја погоди уште во третата минута, а со тоа и постави достигнување кое тешко ќе биде остварено од друг фудбалер. Јоветиќ стана првиот фудбалер кој постигнал барем еден гол во петте најдобри европски лиги и нивните куп натпреварувања.

На стартот од сезоната Јоветиќ го изедначи рекордот на Романецот Флориан Радучиои кој прв постигна постигнуваше голови во Примера, Премиер лигата, Бундеслигата, Лига 1 и Серија А. Сепак, сега Јоветиќ ја подигна „летвичката“ и ова сигурно е рекорд кој тешко ќе биде повторен во блиска иднина. Треба да се спомене дека Јоветиќ во кариерата постигнуваше гол во 14 различни натпреварувања.