Упамекано добива нов договор во Минхен

По продолжувањето на договорите на Мануел Нојер и Алфонсо Дејвис, Баерн Минхен активно работи на нов договор со Дајо Упамекано, пренесе „Билд“.

Францускиот репрезентативец значително ги подобри своите перформанси оваа сезона, што ги мотивираше Баварците да го врзат долгорочно. Актуелниот договор на 26-годишниот дефанзивец е до летото 2026 година, но преговорите за негово продолжување се одвиваат многу добро.

Според информациите, Упамекано може да го обнови договорот веднаш по Џамал ​​Мусиала. Баерн е во завршна фаза на преговори со германскиот репрезентаивец.

Дајо Упамекано му се приклучи на Баерн во летото 2021 година и брзо се наметна како клучна фигура во одбраната на тимот.